Моша, синот на македонскиот музичар Марко Маринковиќ – Слаткар и поранешната македонска мисица Сања Николиќ, наполни шест години.
Роденденот го прослави во весела атмосфера, опкружен со другарчиња и блиски членови на семејството.
Прославата беше тематска со диносауруси, во духот на популарниот филмски свет на „Паркот Јура“.
„Среда, 10:28. Сè е исто – ден, датум и време. Денес, шест години подоцна. Среќен роденден, сине“, напиша мајката на славеникот во објава на социјалните мрежи.


