Син ѝ заминал прерано, одбил да се лекува: Добрила (98) раскажа за најголемата болка

Добрила Ивановска-Чабриќ, победничката на ветераните во шоуто „Никогаш не е доцна“, со право ја нарекуваат супербабичка.

Секогаш насмеана и исклучително витална, таа и на 98 години вози автомобил и сама си ги завршува обврските.

Сепак, животот не ја мазел воопшто, но, како што самата раскажа во една прилика, успеала да се справи со сите предизвици и да дочека длабока старост.

Една од семејните трагедии за која во едно интервју кажа дека ѝ е и најголема болка е загубата на синот. За него кратко зборуваше во една емисија.

„Ако јас мојот син не успеав да го убедам дека животот е убав и дека треба јас да сум му пример, јас немам права да заминам по него. Тој крена раце од себе си, од животот, тој не сакаше да се лечи. Замина прерано и велам дека немам право да заминам по него затоа што мене тој пат секако ме чека“, раскажа Добрила.

Во животот секогаш ја гледала убавината и позитивната страна, и тоа ѝ давало сила. 

„Пресреќна сум што имам поколение од својот син, што мојата крв оди понатаму. Затоа, имам сила да живеам, сакам да живеам и ќе им бидам пример на сите како треба да живеат“, дополни пејачката. 

Следни Објави

На роденденот дознал дека здравјето му е нарушено: Наум оваа терапија ја прима со години

Наум Петрески со години пие исти лекарства. Легендарниот македонски пејач минатата година конечно проговори за нарушеното здравје кое комплетно му го променило начинот на живеење. На својот јубилеен роденден дознал дека има дијабетис тип 2. Раскажа дека шеќерна болест имале бабите и деовците и од кај мајка ми и од […]