Наум Петрески со години пие исти лекарства.
Легендарниот македонски пејач минатата година конечно проговори за нарушеното здравје кое комплетно му го променило начинот на живеење.
На својот јубилеен роденден дознал дека има дијабетис тип 2. Раскажа дека шеќерна болест имале бабите и деовците и од кај мајка ми и од кај татко ми, го имал татко му, а го има и мајка му. Свесен бил дека заради тоа може и тој да се разболи, но не очекувал тоа да се случи толку рано во животот.

„Открив дека имам дијабетис на мојот 50-ти роденден. Сакав нешто да прочитам и не можев да го прочитам, видот ми беше замаглен. А тогаш бев под голем стрес околу кампањата, прославата на јубилејот и тој голем стрес придонесе да ми се јави побрзо. А не смеам да ја испуштам и гојазноста, во тоа време бев многу поправен. Утредента отидов на ендокринолог и ми ми најдоа шекер 29,6. Многу сериозно. Веднаш ми препишаа терапија, која за седум дена ми го симна на 11, а потоа дојде на нормала, 6,5 до 7. Таа терапија од тогаш ја примам, еве веќе осма година“, раскажа Наум лани за порталот „ММС“.

