Естрадата во шок, ненадејно почина пејачот од „Ѕвездите на Гранд“ и „Пинкови ѕвезди“

Тажна вест објавија српските медиуми.

Ненадејно почина почина пејачот Саша Катанчиќ.

На јавноста ѝ стана познат преку музички натпревари и учество во реални шоуа.

Според првите информации, причината за смртта е срцев удар.

Катанчиќ ја градеше кариерата со години настапувајќи по клубови, на домашни веселби дома и во дијаспората и важеше за пејач со огромен репертоар и препознатлива енергија.

Поголема популарност стекна преку музичките натпревари „Ѕвездите на Гранд“ и „Пинкови ѕвезди“. Иако не стигна до финалето, остана запаметен по харизмата и специфичната боја на гласот.

Беше учесник и во реалното шоу „Фарма“ во 2013 година. Во овој формат покажа дека е вреден, работлив и, за разлика од многумина, многу сталожен и мирен тип. Избегнуваше конфликти и се трудеше со песна да ја подигне атмосферата меѓу фармерите.

Оние кои го познаваа го опишуваат како скромен човек кој најмногу ја сакаше музиката и семејството, а надвор од сцената живееше повлечено.

Посебно се памети и коментарот на Харис Џиновиќ, кој своевремено истакна дека Саша бил негов клавијатурист долг низ години, нагласувајќи ги неговите талент и професионалност.

Во текот на животот, Саша се соочи и со лична трагедија кога се прости од кумовите кои загинаа во тешка сообраќајна несреќа во Нов Белград.

Катанчиќ тогаш со потресни зборови се прости од нив кои на 26 октомври трагично загинаа во сообраќајна несреќа во Нов Белград кога возач на „Ауди“ помина на црвено и усмрти тричлено семејство.

Следни Објави

Роди син на постари години, па млад го погреба: По трагедијата издржа само 4 месеци

Катерина Крстева, македонската театарска, филмска, телевизиска и гласовна глумица, најпозната на јавноста како Мара Попара, почина во јануари 2023 година. По пензионирањето живееше тивко и повлечено се’ до нејзината смрт. Не’ засмејуваше сите, во јавноста секогаш беше ведра и насмеана, но позади камерите животот воопшто не ѝ беше лесен. На […]