Роди син на постари години, па млад го погреба: По трагедијата издржа само 4 месеци

Катерина Крстева, македонската театарска, филмска, телевизиска и гласовна глумица, најпозната на јавноста како Мара Попара, почина во јануари 2023 година.

По пензионирањето живееше тивко и повлечено се’ до нејзината смрт.

Не’ засмејуваше сите, во јавноста секогаш беше ведра и насмеана, но позади камерите животот воопшто не ѝ беше лесен.

На Крстева во една прилика се сети и администраторот на фејсбук-страницата „Бардовите на македонското глумиште“. Тој тогаш откри непознати детали за неа.

„Дали се сеќавате на неа?! Смеењето е здравје, а таа не смееше и премногу! Бескрајно талентираната актерка Катерина Крстева на сите позната под надимакот Мара Попара, која цел живот го помина на сцената да ја насмее публиката, самата таа доживеа голем удар и свена од тага. Само 4 месеци по смртта на нејзиниот 35 годишен син, почина нашата голема актерка во 81-та година од својот живот.

Вистиско медицинско чудо се случило кога синот единец го добила на 46 годишна возраст, го израснала покрај себе во и околу театарот! Трагедиите за ова семејство почнале кога најпрво од овој свет заминал нејзиниот сопруг, потоа синот и најпосле таа.

По пензионирањето сосема се повлекла од јавната сцена. Живеела повеќе и од скромно со 20.000 пензија. Сами, таа и синот, кој бил весел по природа но со свои проблеми.

Денес, Катерина Крстева заедно со својот сопруг и синот почиваат на бутелските гробишта во Скопје. Дали државата направила доволно за неа додека била жива, но дали ќе направи нешто за неа и по нејзината смрт?! Почит, наклон и вечно сеќавање кон нејзиниот лик и дело!“.

Следни Објави

Син ѝ заминал прерано, одбил да се лекува: Добрила (98) раскажа за најголемата болка

Добрила Ивановска-Чабриќ, победничката на ветераните во шоуто „Никогаш не е доцна“, со право ја нарекуваат супербабичка. Секогаш насмеана и исклучително витална, таа и на 98 години вози автомобил и сама си ги завршува обврските. Сепак, животот не ја мазел воопшто, но, како што самата раскажа во една прилика, успеала да […]