Ја нарекуваа „кралица на балканската забава“. Беше пејачка, текстописец и музичар.
Таа се сметаше за една од најразновидните уметници во Босна и Херцеговина. Сама си ги пишуваше и компонираше песните, си ги режираше музичките видеа, го креираше графичкиот дизајн за своите албумски корици, но и сопствениот веб-сајт којшто самата го управуваше.
Свиреше пијано, гитара и клавијатури, но се занимаваше и со сликарство, а остана најзапаметена по хитовите „Sviraj nešto narodno“ (со Халид Бешлиќ, 2000), „Ubila me tvoja nevjera“ (2004), „To mi nije trebalo“ (2004), „Idi, idi, moja vilo“ (2006) и „Suze moje plaču za oboje“ (2014).

Азра Колаковиќ која се прослави под уметничкото име Дона Арес почина на 2 октомври 2017 година по долга и исцрпувачка битка со ракот. Имаше само 41 година.
Додека се бореше со болеста која дури неколкупати ѝ се враќаше, имаше поддршка од цел регион, од колеги до фанови, па дури и оние кои не ја слушаа нејзината музика ги освои со својата животна приказна.

Пред да почине, таа во една емисија откри од што мисли дека го добила туморот.
„Знам дека сите ќе ме нападнат, но мислам дека мене лично ме отру млекото“, кажа Арес.
Непосредно пред да почине, животот ѝ зададе уште еден тежок удар.
Во најтешките денови пејачката донесе одлука да стави крај на бракот со нејзиниот долгогодишен партнер, композиторот Џавид Љјубовци.

Еден месец пред смртта на „Инстаграм“ објави нивна заедничка фотографија на која тој беше пречкртан.

