Загина пред да се ожени: Вака македонскиот пејач си ја претчувствува смртта

Ипче Ахмедовски, пејач со македонско потекло чии песни се слушаат и денес, трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кога имаше само 28 години.

И по повеќе од три децении по неговата смрт, сеќавањата на неговата трагична судбина се’ уште се живи. Брат му, познатиот пејач Јашар Ахмедовски, долго време не можеше да зборува за загубата. Сепак, во една прилика смогна сили да се потсети на својот брат.

Раскажа дека смртта на Ипче оставила длабока трага не само врз него, туку и врз нивните родители, кои починале од преголема тага по загубата на својот син.

„Долго време не можев да ги слушам неговите песни. Неговата смрт не’ вознемири сите. Голема трагедија. Едвај се опоравив, но ќе жалам додека сум жив“, изјави Јашар.

Ипче остана запаметен по неговата извонредна енергија, но и по кристално чистиот и моќен глас. За осум години, колку што траеше неговата професионална кариера, сними четири албуми, од кои три во соработка со Новица Урошевиќ со кој стекна огромна популарност ширум Југославија.

По смртта на Ипче, фановите пишуваа дека како да ја претчувствувал несреќата. Една година пред смртта, за албумот „Циганске душе“ ја снимил песната „Кад нестанем једног дана“.

Со девојка му Злата наголемо ја планирале свадбата пред да се случи трагедијата.

Следни Објави

Огрома тага! Почина Вања, жената што ја обедини Македонија

Почина Вања Андонова на 45-годишна возраст, објавија нејзини пријатели на социјалните мрежи. За оваа силна жена и активистка за женските права во повеќе наврати пишуваа медиумите. Андонова со години се бореше со канцер. Во јавноста неретко истакнуваше дека не се откажува и дека се бори за нејзините деца да ја […]