Спасен Сиљаноски искрено проговори за лажните патриоти во подкастот на Алфа телевизија.
Популарниот македонски пејач раскажа за лицемерието на одредени луѓе кои, како што вели, сега мавтаат со знамињата за бонуси и функции, а кога тоа било најпотребно нигде ги немало.
„Јас го ставав македонското знаме околу мене на свадби и свирки, кога луѓето кога ќе го видеа се пуштаа од оро, бегаа..“, вели тој.
Во истиот подкаст Сиљаноски објаснува дека како пејач никогаш во животот не земал ниту денар од државата, дека не бил на ниту еден платен список, дека не добил ниту една субвенција.
Малкумина знаат дека Сиљаноски беше вработен во Армијата.
„Мислев дека тоа е благослов да носиш униформа од својата татковина. Мислев дека на некој начин ќе дадам нешто, ќе придонесам..“.

