Младиот македонски пејач Христијан Настески – Пајак гостуваше во ТВ-магазинот „Никој да не знае“ на телевизија Телма.
Популарниот изведувач кој се прослави по хитот „Бела“ во емисијата проговори за детството и за скромниот живот кој го имал порано.
Сега кога заработува доволно, Пајак вели дека е овде за неговите родители за се’ што им треба, но, како што вели, тие сметаат дека пак мора да работат.
„Тоа е, со мама се расправам, сакав да ја натерам да не работи, но нема шанси. Потрошиле многу време на нас и сакам малку да уживаат и тие. За пари не е проблем. Сум ми давал и ќе им давам. За што и да е… И ги праќам сега во лето, секое лето по два-три пати на одмор“, ја почнува тој својата исповед.
Пајак открива дека во Грција не бил никогаш.
„Како може да не си бил во Грција?“, го прашува водителката.
„Па, сме немале можности. Мама, знам само еднаш, ме има однесено до Албанија. Првпат на море сум бил на 16-17 години во животот“, вели пејачот.

