Весна Петрушевска донесе тешка животна одлука.
Актерката во подолга објава на социјалните мрежи објасни дека не било лесно да пресече, но дека почувствувала потреба да се посвети на други големи проекти и на својата ќерка.
„Овие денови ја донесов една од најтешките одлуки во мојот живот, а тоа дека ја затворив актерската школа после 30 години. Израснав генерации, снимавме серии, емисии, кратки филмови, играни филмови, претстави, последниот успех e дека од 2000 деца моите Надиа и Максим ќе бидат новите херои на Светот на Биби. Школа која имаше недостижен успех, критериум и посветеност. Искрено се изморив, се изморив и пoчуствував дека треба да се посветам на режија, на големи проекти вон Македонија, на љубов и насмевки, на мојата Мина која го носи мојот товар. За тоа дали воопшто се почитува моето наследство што го оставив на илјадници деца ќе каже времето. Дали оваа работа се почитува кај нас? Големо НЕ! Факт! Дали младите глумци имаат иднина кај нас?Исклучително тешко!
На само 442 км од тука се снима и се гине на сет. Тука работат и имаат шанси. Јас мојот долг кон Македонија, кон МНТ, ТВ, филм, продукција на формати и креирање одамна го реализирав. За 10 животи. Време е за мојот живот и за пoчеток на големи приказни на кои искрено се радувам. Денес после многу години почнав да чувствувам ветар. Фала, благодарна за секој миг. Децата ќе си го најдат патот секако сами. Љубов и добрина ви посакувам“, напиша Петрушевска.

