Познатиот астролог Ангела Перл која има речиси три милиони претплатници на својата платформа истакнува дека почетокот на мај ќе биде период на големи пресврти и трансформации за еден хороскопски знак.
Според неа, картичката Суд укажува на важна вест или настан што целосно ќе им го промени животот.
„Можеби веќе долго време планирате некој важен чекор – сега е идеално време да го реализирате. Промените можат да влијаат и на личниот живот, каде односите се движат на повисоко ниво. Дополнително, картата на смртта симболично го потврдува крајот на едно животно поглавје и почеток на ново. Стариот живот умира, се раѓа нов“, истакнува Ангела.
Нема да заостанат ниту финансиите. Картите Ас Пентакл и Десетка Пентакл најавуваат добивки, купување на недвижен имот или автомобил. Овие картички поттикнуваат да зачекорите во нова деловна насока која може да донесе сериозен профит – не само за вас, туку и за целото семејство, советува таа.
Сепак, Седмицата со мечовите носи и предупредување – некој или нешто може одеднаш да исчезне од вашиот живот. Сепак, не треба да се очајува: кога нешто старо си оди, доаѓа нешто ново. Совет е да бидете подготвени и отворени за ненадејни загуби.
Мај ќе биде поволен и за духовен развој. Картата на Умереност носи внатрешен мир, хармонија и можност за забавување и уживање во секој момент. Оваа картичка, исто така, укажува на лични ограничувања – идеално време за пост, тишина, медитација и самодисциплина.
И да, станува збор за хороскопскиот знак Близнаци.

