ДЕЧКО НЕ МОЖЕШ ДА ВЛЕЗЕШ, КУМАТА.. Конечно паметен статус за човекот кој преку ноќ стана сензација

Тоа што го тролате човекот кој реагираше за да спречи повреди на други луѓе (како неговата кума која завршила во болница бидејќи ја удриле со точак на патека на Водно) покажува колку длабоко е затруено ова општество.

Тој реагира да спречи нешто, вие го исмејувате и напаѓате.

Да реагиравме вака сите за работите кои не се добри, немаше да се случи Кочани….Стајковци каналите ќе беа чисти….и уште куп катастрофи.

Ама не.
Тука е тешко да се влезе подлабоко.
На прва.
Мавај по тој што се издвојува и “прави паметен”.

Не е случајно што скоро сите активисти се откажуваат. Скоро сите паметни и вредни заминуваат.

Да ја искористевте енергијата од тролање кон некаква поддршка или акција за промема ехееее кај ќе ни беше крајот.

Ама ова е општество на филозофи, тролачи, медиокритети и себични луѓенца.

Си играте мајтап со човекот.
Не помислувате на него, на тоа дали е фер да се прави тоа, има ли др перспектива….не бе. Мавај со газето седнато на удобната фотеља.

Јбг. Толку може. Повеќе во некоја друга земја во која не се сите најпаметни и најспособни.

ЗА МЕНЕ ОВОЈ ЧОВЕК Е ХЕРОЈ!
ЗА МЕНЕ ВАКВИТЕ ЛУЃЕ СЕ НАДЕЖТА ДЕКА НЕШТО МОЖЕ ДА СЕ СМЕНИ!
БРАВО!!!
ФАЛА ТИ! 

Фејсбук-статус на Лазар Ѓуров

Објавите во рубриката „Мислења“ се без новинарска интервенција и се независни од уредувачката политика на „Мастило.мк“

Следни Објави

Три години ја носеше болката по изгубениот син: Не ја преживеа трагедијата

Последните три години од животот ја носеше болката по изгубениот син. Живееше повлечен живот, често објавувајќи фотографии и песни од своето чедо. Кажуваше дека секој ден излегува надвор и ја храни мачката за која тој се грижел, а таа и по неговата смрт останала да живее пред нивната зграда. Мајда […]