Почина познатиот новинар, водител и активист Рамуш Муарам – Цирко.
Тажната вест ја објавија колегите од „Рома прес“.
„Со длабока тага и болка, тимот на Рома Прес ја примивме веста дека не’ напушти Рамуш Муарам – Цирко долгогодишен активист, хуморист, новинар и публицист. Загубивме силен глас, човек со храброст, дух и вистина во секој збор. Неговото дело и посветеност ќе останат засекогаш врежани во нашата заедница. Ќе ни недостасува, но никогаш нема да биде заборавен“, пишува во објавата.

Пред три недели тие објавија дека Цирко е во кома и се бори за живот. Детали за здравствената состојба не соопштија. Загрижени роднини, пријатели и колеги на социјалните мрежи споделуваа фотографии со него и се молеа за негово закрепнување. За жал, ја загуби животната битка.

