Дана Борисова е многу популарна водителка која зад себе има многу тежок живот.
Во единствената нејзина исповед што ја дала за медиумите таа проговори за ужасите што морала да ги прави за да дојде до пари за да купи дрога.
Познатата Русинка се борела со зависност од наркотични супстанци, а потоа го продавала своето тело за пари.
„Тоа се случи три или четири пати додека бев на дрога. Немав пари, па морав да ја однесам Полина (ќерката) кај нејзиниот татко“, кажа таа на малите екрани.
„Легнуваш, ги затвораш очите и се помируваш со тоа. Тоа е сè“, дополни таа.
Борисова, за среќа, успеала да ја победи зависноста и нагласи дека никогаш повеќе не би имала секс за пари.
„Кога ќе се отрезните се чувствувате страшно и евтино“, порача таа.
По траумите што ги доживеала, не можела да има односи со маж.
„Немав односи повеќе од две и пол години, но тоа е моја одлука. Не ми недостига“, истакна.

По сите трауми таа сега е исполнета на емотивен план. За нејзиниот партнер без влакна на јазик вели дека е харизматичен и богат. Го запознала филмски, непосредно пред да отпатува во Колумбија.
Откако ја изгубила банкарската картичка, ѝ била потребна помош, па добила контакт од роднина на својот сосед. Тој роднина се покажал како нејзин иден партнер. Тој е три години помлад од неа, живее во Лондон, а повремено доаѓа во Москва поради работа.

