Сите беа изненадени кога Александар Јосифовски собра храброст и отоврено проговори дека во минатото имал сериозни проблеми со алкохолот.
„Не почнав да пијам поради некоја лична емотивна приказна и немав тежок живот. Едноставно ме понесе еуфоријата на радоста. Секогаш пиев кога сум бил весел. Имам екипа со која свирам по клубови и постојано пиевме за време на тие свирки. Така и се случи да излезам од колосек“, раскажа македонскиот пејач кому за влакно му избега победата во „Ѕвездите на Гранд“.
Во меѓувреме доживеа уште еден животен бродолом кога по осум години заеднички живот се разведе од сопругата Теодора. Иако многумина шпекулираа за причините за разидувањето, Јосифовски тогаш истакна дека во прашање не е ниту измама, ниту љубомора.
„Се обидовме да исправиме некои работи, едноставно не успеа. Не се работи за љубомора или неверство. Благодарен сум ѝ на Теодора што беше со мене во најтешките моменти од мојот живот и никогаш нема да ја заборавам“, дополни пејачот.
Јосифовски сега конечно е повторно среќен и исполнет. На почетокот од месецот на фановите им откри дека станал татко. Неговата избраничка Ана која е Србинка му роди ќерка на која ѝ го дадоа името Алексеја.

Александар сега објави први фотографии од своето чедо.


