Родителите не ѝ ја прифаќаа врската со Бојан, но заедно победија сè: Марија од „Ај кју“ е бремена

Марија Ивановска и Бојан Трајковски објавија убава вест на социјалните мрежи.

Познатата музичка двојка од дуото „Ај кју“ ќе станат родители.

На фановите им открија дека очекуваат принова преку забавно видео.

На истото Марија прво го покажува позитивен тест за бременост, а потоа и трудничкото стомаче.

– „Ај кју“ со нов член? Да не треба уште некој тест? – напишаа под снимката.

Марија и Бојан ја претставуваа Македонија на евровизискиот избор во 2018 година.

Подоцна, во искрено интервју пејачката на бендот отворено проговори за нејзината животна приказна. Тогаш таа откри дека од 18 години живее самостојно и дека со години има формален однос со своите родители бидејќи, како што објасни, тие не ја прифаќале нејзината љубовна врска со Бојан.

– Мора да признаам дека нашиот однос е доста формален, ја снема таа блискост што ја имаше претходно – објасни Ивановска во тоа време за порталот „Точка“.

Следни Објави

По битката со алкохолот се разведе, а сега македонскиот пејач стана татко и ја покажа ќерката (ФОТО)

Сите беа изненадени кога Александар Јосифовски собра храброст и отоврено проговори дека во минатото имал сериозни проблеми со алкохолот. „Не почнав да пијам поради некоја лична емотивна приказна и немав тежок живот. Едноставно ме понесе еуфоријата на радоста. Секогаш пиев кога сум бил весел. Имам екипа со која свирам по […]