Маја Оџаклиевска го смести внукот во дом: „Стана агресивен, напаѓаше луѓе“ (ВИДЕО)

„Одам редовно, го посетувам и му носам што сака за ручек“

Маја Оџаклијевска пред неколку години одлучи да се повлече од јавноста за да се посвети на својот внук кому му е дијагностициран аутизам.

Сепак, оваа година таа реши да го прекине медиумскиот молк, поради нејзиното учество на музичкиот фестивал „Белградска пролет“.

Внукот на Маја сега престојува во дом каде добива соодветна нега, а пејачката редовно го посетува, но признава дека животот со него не бил лесен.

„Он е, за жал, дете со таков спектар кога станува агресивен. Проблем е во мои години да ја смирам таа негова бујна агресија, со оглед на тоа што тој сега е во пубертет и е многу посилен.. Проблем е тоа што тој повремено и луѓе напаѓа“, раскажува познатата македонска пејачка која со децении живее и работи во Белград.

Оџаклиевска пред неколку години раскажа кога првпат забележала промени кај Лука.

„Неговиот аутизам го препознав кога имаше две години. Отпрвин се криеше каде што беше темно, најмногу под масата или под јорганот, и врескаше ако го допреа. Често имаше хистерични напади. Всушност, јас така ги доживував, за подоцна да сфатам дека нешто се случувало во неговата глава што го терало да изгледа како да е лут. Имаше напади до исцрпување, често помодруваше од нив. Тоа беа страшни работи, моравме да се справиме“, искрено раскажа Маја.

Бидејќи ќерка ѝ не можела повеќе да издржи, во меѓувреме решила таа да се грижи за внукот.

Следни Објави

„Божја должност ти е“: Сите зборуваат за Македонецот во „Никогаш не е доцна“ (ВИДЕО)

Виктор Димитриевски ја оствари својата голема желба кога беше повикан да учествува во единаесеттата сезона на познатото регионално шоу „Никогаш не е доцна“, каде што ги освои симпатиите на публиката и на жирито. Со насмевка на лицето, Виктор излезе на големата сцена каде што во последната емисија настапи прв, а […]