„Божја должност ти е“: Сите зборуваат за Македонецот во „Никогаш не е доцна“ (ВИДЕО)

Виктор Димитриевски ја оствари својата голема желба кога беше повикан да учествува во единаесеттата сезона на познатото регионално шоу „Никогаш не е доцна“, каде што ги освои симпатиите на публиката и на жирито.

Со насмевка на лицето, Виктор излезе на големата сцена каде што во последната емисија настапи прв, а за своето претставување ја избра песната „Лејла“ од Хари Варешановиќ.

Македонецот уште еднаш успеа да го воодушеви жирито со својата интерпретација, за која доби бројни комплименти.

– Навистина одлично, никогаш не треба да се сомневаш во своите можности, особено во држењето на тоновите. Го оправда своето доаѓање во овој круг – му порача Саша Милошевиќ Маре.

Алка Вуица се надоврза со можеби најубавиот комплимент што можел да го слушне.

– Мене многу ми се допадна што Виктор во првиот дел од песната беше емотивен и длабок. Викторе, морам да те потсетам на една приказна од Библијата. Кога Бог ги делел дарбите, ги обврзал луѓето да ги негуваат. Не разбирам зошто толку долго си чекал. Мислам дека ти е божја должност да се занимаваш со пеење, бидејќи тоа го правиш неверојатно – порача пејачката, а комплиментите не изостанаа ниту од Стефан Петрушиќ.

– Морам да признаам дека уживав. Избравте одлична песна за натпреварување, таа беше и еден од моите избори – додаде пејачот.

Во ревијалниот дел ја изведе песната „Море туге“ заедно со Александра Цака Иванов, која публиката ја запозна преку „Ѕвездите на Гранд“, а вечерва беше пејачка поддршка на кандидатите на големата сцена на шоуто.

Фото: Гранд.Нова.рс

Следни Објави

Огромна загуба! Почина младата жена која ја обедини Македонија

Тажна вест Почина Сибела Омерова, меѓу штипјани позната како пожртвувана медицинска сестра. Омерова пред две години ја обедини Македонија. За неа се собираа средства за лекување на клиника во Турција. „Беа организирани голем број на културно-забавни настани, и следуваа апели за помош како од пациенти на кои им помогнала со […]