Трагедијата во Кочани остави длабока празнина во нејзиниот живот.
Познатата пејачка Теа Трајковска беше особено блиска со Панчо од „ДНК“ за кого во едно интервју кажа дека ѝ бил еден од најблиските луѓе во животот.
Во последната епизода на подкастот „Рисет“ таа си ја отвори душата и искрено раскажа како го поминала овој тежок период, кој бил покрај неа кога ѝ било најтешко и како успеала да се избори со сè што чувствувала.
„Многу е тешко да изгубиш близок човек. Имав еден период кога не излегував од дома со недели. Март, април, средина на мај, јас немав излезено од дома. Јас не се согласувам со тоа дека времето лечи се’. Времето не’ учи да живееме со празнината“, раскажува таа.
Трајковска признава дека лани го допрела дното. Имала панични напади и не била воопшто добра.
„Многу размислував дали да одам на психолог, најтешките моменти ги поминав без да одам и после кога застанав на нозе и се вратив во ритам, осетив дека сум океј. Што не викам дека треба да е пример за секого. Морам да истакнам дека семејството ми беше голема поддршка, ми дадоа многу љубов, беа цело време покрај мене, но и моите најблиски пријатели“, вели таа.

