Се откажал од алиментација: Зоран Крстевски откри зошто со екс сопругата одлучиле тој да ги чува децата

Познатиот македонски астролог, д-р Зоран Крстевски, пред неколку месеци во подкастот на Стефан Лазаров првпат отворено зборуваше за разводот и за периодот кога станал самохран родител кога неговите ќерки имале три и шест години.

На истата тема тој сега зборуваше и во емисијата „Мамавизија“ каде, како што раскажа, за него не било тешко да се донесе одлуката тој да ги чува децата.

„Кај нас такви беа условите тогаш. И покрај тоа што јас бев без работа, имав повеќе финансиски извори хонорарно и заработував солидно, но живеев под кирија, а поранешната сопруга имаше стан, одлуката да се откажам од алиментацијата и децата да ги земам јас, беше најпаметното решение. Бевме согласни и двајцата со тоа и успеав со помош на мајка ми, други блиски, поддршка од соработници, да ги извадам ќерките на прав пат. Парите се секако важни, но не пресудни“, изјави Крстевски.

Следни Објави

Ја запросил на важен датум: Виктор Димитриевски конечно проговори за сопругата

Виктор Димитриевски е фаворит за победа во регионалното музичко шоу за таленти „Никогаш не е доцна“. Со секој нареден настап го воодушевува жирито, а сега даде интервју за српски „Гранд“ во кое откри и детали од приватниот живот. Бидејќи во песната „Лејла“, која ја пееше на големата сцена во четвртиот […]