Виктор Димитриевски е фаворит за победа во регионалното музичко шоу за таленти „Никогаш не е доцна“.
Со секој нареден настап го воодушевува жирито, а сега даде интервју за српски „Гранд“ во кое откри и детали од приватниот живот.
Бидејќи во песната „Лејла“, која ја пееше на големата сцена во четвртиот круг, се провлекува стихот „ако утре те запросат“, натпреварувачот откри кога и како ја запросил својата сопруга.
„Ја запросив точно пред дваесет години, на Велигден. Не очекуваше дека ќе биде тогаш, па веќе во август беше свадбата. Избрав убав ден што ќе се памети“, открива.
Вели дека нејзината поддршка во натпреварот му значи најмногу.
„Секогаш се јавува да праша како било, како звучело, како се чувствувам јас. И синот исто така. Значи и кога не се тука, со мене се барем преку телефон“, раскажува тој.

