Огромна загуба! Се огласија колегите, почина познатата скопска професорка

Тажна вест споделија професорите од средното медицинско училиште во Скопје. 

Со длабока тага ја примиле веста за смртта на нивната драга колешка, проф. д-р Флореша Села.

Колегите од СМУГС „Д-р Панче Караѓозов“, како што е наведено во објавата, секогаш ќе ја паметат со особена почит по нејзиниот професионализам, посветеност и хуманост.

„Таа остави неизбришлива трага во образованието и воспитувањето на многу генерации, претставувајќи пример за знаење и благородност. Нејзината загуба е голема за нашиот колектив, учениците и целата образовна и здравствена заедница“, пишуваат тие.

Искрено сочувство до семејството Села и до сите блиски.

Нека ѝ е вечен споменот.

Следни Објави

Посебен ден во верскиот календар: Денеска оваа работа е забранета и за мажи и за жени

Судбината на овие прекрасни маченици, женик и невеста, е чудна. Дваесет дена по венчавката беа изведени на суд заради верата во Христос пред Тиваидскиот намесник Аријан, во времето на царот Диоклецијан.  Тимотеј беше чтец во црквата во неговиот роден крај. „Кој си ти?“, го праша намесникот. Тимотеј одговори: „Јас сум […]