Познат македонски пејач отворено проговори за тешкиот период низ кој поминувал, откривајќи дека со години бил изложен на потсмеви и потценување од околината.
Во емотивната исповед, тој признава дека честопати се чувствувал осамен и разочаран, а во еден момент дури мислел дека нема излез од ситуацијата.
Мартинијан Кириловски раскажа дека негативните коментари и омаловажувања силно влијаеле врз неговата самодоверба и психичка состојба.
Сепак, и покрај сите предизвици, успеал да најде сила да продолжи понатаму и денес отворено зборува за своето искуство со цел да им даде поддршка и на другите кои се соочуваат со слични проблеми.
Неговата искрена исповед предизвика бројни реакции во јавноста, а многумина му испратија пораки со поддршка и охрабрување.
Видеото досега има преку 16.000 допаѓања.

