Вработен е во Универзална од 2019-та: Прва исповед на Миро Кацаров откако го назначија за директор

Конечно се огласи Миро Кацаров, познатиот телевизиски шоумен кој од вчера е поставен за в.д. директор на Универзална сала од скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски.

Во изјава за порталот „СДК.мк“, Кацаров открива дека е вработен во оваа институција од 2019-та и дека логично е човек од внатре да биде в. д. директор.

„Јас сум привремено поставен на ова место за да можат да земат вработените плата.  Ако нема одговорен на оваа функција, нема да можат да земат“, вели Кацаров.

„Прочитав навредливи коментари за мене на социјалните мрежи, но сосема е логично оваа функција да ја извршува некој што повеќе од 20 години е во културата и во музиката. Повеќе од 20 години во моите емисии гости биле луѓе од музиката и општо од културата, а сум организирал и повеќе културни настани. Потекнувам од уметничко семејство. Како роден штипјанец, израснав во Народниот театар во Штип и во Домот на културата ‘Ацо Шопов’. Татко ми е драматург и професор на приватен факултет во Скопје, и беше директор и на двете институции. Јас сум човек од културата, не од земјоделието или од шумарството, па зошто е тогаш чудно што сум вршител на дејност во културна установа?“, прашува Кацаров.

Скопскиот градоначалник денеска рече дека Кацаров е само привремено решение, а следната недела ќе се распише нов оглас за директор и ги повик сите заинтересирани кои ги исполнуваат условите да аплицираат.

Следни Објави

Ја зема малолетна на 16, па му роди дете: Прва исповед на Александар Темелков по веста дека се разведува

По само две години брак, како гром од ведро небо се огласи Александар Темелков дека се разведува. Македонскиот пејач на социјалните мрежи ги откри и причините за разделбата, иако подоцна ја избриша објавата. „Драг мои фанови, почитувана јавност, Ве известувам дека јас и мојата сопруга одлучивме да се разведеме. Едноставно, […]