Лиле Микова од струмичко Колешино си ја отвори душата за најголемата животна битка.
Таа за локалниот портал „Дрнка“ отворено проговори за органодарителството.
Оваа храбра жена и мајка донирала црн дроб за синчето оти ѝ кажале дека нема да преживее.
„Нашето дете имаше само една годинка кога лекарите ни соопшија дека мора да се прави трансплантација на црн дроб, бидејќи тоа е единствениот начин за да се продолжи неговиот живот“, ја почнува таа својата исповед.
„Страшна паника, страшен страв кај нас се јави, дали ние ќе одговараме како донори како родители, дали ќе се најде донор ако јие не одговараме.. Ама, за среќа, се’ се заврши добро“, вели таа.

