Ленче Кукиќ си ја отвори душата во искрено интервју за Радио Валандово.
Македонската пејачка проговори на повеќе сензитивни теми.
Таа со солзи раскажа за најчувствителниот период во животот.
„Најтешко ми беше кога јас победував на „Никогаш не е доцна“, а мајка ми почина. Тоа ми беше катастрофа.. Да.. Ама издржа да го изгледа финалето, да ја види мојата среќа и мојата победа. Тоа беше нејзината последна сила, последната љубов што ми ја подари“, откри таа.
Како што вели, таа болка што никогаш не поминува.
Зад насмевката и аплаузите се криела тишина полна со тага, а зад големата победа, најголемата загуба.
„Додека сите славеа, моето срце се кршеше“, вели Кукиќ.

