Тажна вест споделија од училиштето „Даме Груев“ од струмичкото село Куклиш.
Почина Зорица Димовска Митева, одделенски наставник.
„Почитувани ученици, почитувани родители! Со болка во душата, денес се простуваме од нашата колешка и вашата учителка Зорица Димовска Митева. Ќе ја помниме по посветеноста кон работата, љубовта кон учениците, топлата насмевка и енергијата со која сјаеше. Нека и е светол патот! Слава ѝ“, пишува во објавата.

Од Зорица се простија и нејзините сопартијци од СДСМ.
„Денес за жал не’ напушти засекогаш нашата другарка Зорица Димовска Митева. Немаме зборови со кои може да ја опишеме тагата и празнината која ја чувствуваме сите ние. Зорица беше голем борец, одличен наставник, прекрасна мајка и сопруга. Како дел од семејството на СДСМ таа секогаш зрачеше со позитивна енергија и широка насмевка, човек потсетеник дека и кога е тешко може да се препроди се со насмевка и позитивна мисла“, се наведува во објавата.

