Доктор Наталија Нефедова предупредува: Овие луѓе не треба да помислат на цреши

Црешите се нашето омилено овошје. Сепак, експертите тврдат дека ова овошје не смее да се јаде во неограничени количини, во спротивно може сериозно да си го загрозите здравјето.

Црешите се многу вкусни и можат да се консумираат во различни комбинации. Покрај тоа, тие се многу корисни за имунитетот и содржат голем број витамини. Сепак, многу луѓе не се сигурни која количина всушност е дозволена да се консумира на дневна основа.

Црешите содржат многу витамини Ц и бета-каротин, витамини Б6 и К, фолна киселина, минерали калиум, железо, бакар, манган, калциум, магнезиум, фосфор, цинк и кобалт. Црешите се богати со растителни влакна, кои помагаат за подобро варење, додека присуството на целулоза го регулира варењето.

Потемните плодови се поздрави бидејќи имаат поголема концентрација на антоцијани и имаат поголемо антианемично дејство. Тие содржат мелатонин кој помага при релаксација.

Пред да ги конзумирате, потребно е добро да ги измиете под ладна вода.

„Идеална доза би била чаша цреши дневно, додека поголеми количини може да предизвикаат дигестивни проблеми, па луѓето кои веќе имаат проблеми со тоа треба да внимаваат колку јадат“, предупредува нутриционистката Наталија Нефедова.

Препораката е една шака дневно.

Следни Објави

Настан што силно ја вознемири јавноста: Судбината на Марија Брзакова која зад себе остави ќеркичка

Повеќе од шест години поминаа од исчезнувањето на Марија Брзакова, настан што силно ја вознемири јавноста, но до денес, одговор за тоа што се случи со оваа млада жена и мајка – нема. ВИКИМЕДИА потсетува на последниот разговор со Валентина, мајката на Марија, која пред една година, додека беше дојдена […]