Повеќе од шест години поминаа од исчезнувањето на Марија Брзакова, настан што силно ја вознемири јавноста, но до денес, одговор за тоа што се случи со оваа млада жена и мајка – нема.
ВИКИМЕДИА потсетува на последниот разговор со Валентина, мајката на Марија, која пред една година, додека беше дојдена од Швајцарија во Македонија, проговори за случувањата кои го промениле животот на нивното семејство од корен, но и јавно побара одговори од сите надлежни инстиитуции.
„Марија во Швајцарија работеше како медицинска сестра во дом за нега на стари лица и беше посветена на работата. Ја почитуваа сите, таа е од оние личности за кои се вели дека имаат уста, а немаат збор, секогаш тивка, разбрана, се си чуваше во себе. Бевме во постојан контакт, додека беа во Швајцарија еднаш неделно јас ја чував нејзината ќеркичка и навидум се’ беше во ред.
Кога дознавме дека со сопругот решиле да заминат ненадејно во Босилово, и да поминат време таму, веста ни дојде како изненадување. Заминаа во септември 2019 година. Оставија се во Швајцарија, и работата и животот кој го имаа таму, а во Босилово за целото време додека беа таму, не беа во работен однос“.

Со овие зборови ја започна својата исповед Валентина Георгиева, мајка на Марија Брзакова, која исчезна на 18-ти јануари 2020 година во село Босилово, Струмица на 29-годишна возраст.
До денес, не се знае судбината на оваа млада мајка која зад себе ја остави ќеркичката.
Повеќе на оваа тема прочитајте на ВИКИМЕДИА.

