Проф. д-р. Драгица Зенделовска од медицинскиот факултет во Скопје и нутриционист беше гостинка во новата епизода на Телма амбуланта.
Меѓудругото, таа се осврна и на фактот дека денес сме преплавени со совети за тоа кои масти се добри, а кои опасни по здравјето и го сподели своето стручно знаење.
Таа потсети и на едно интересно рангирање на различни намирници каде свинската маст била подобра од грашокот и од некои овошја.
„Свинската маст и тоа како треба да биде вклучена во нашата исхрана. Да, таа спаѓа во групата на заситени масти, оние лошите кои треба да бидат ограничени, но од тие сите што треба да бидат ограничени таа е најздрава“, вели таа.
Зошто е тоа така, погледнете во видеото во продолжение:

