Светлана Црнокрак првпат проговори за врската со еден од најпознатите македонски фолк-пејачи.
Поранешната манекенка која подоцна почна да работи и како презентер на вести, си ја отвори душата во емисијата „Кафе муабети“.
Пред бракот со девет години постариот колега Мики Црнокрак таа била во врска со Благоја Грујовски, па во шоуто се потсети на тој период од животот.
Светлана откри дека со Грујовски останале во коректен однос и дека и денес многу се почитуваат, а водителката ја потсети и на насловите од весниците во тоа време кога овој пар новинарите го нарекуваа „Убавицата и ѕверот“.
„Така не нарекоа, Убавицата и ѕверот. Јас бев тогаш баш периодот кога веќе почетоци на кариера, после тие избори, актуелна мисица, убавица, јас бев во врска со нашиот пејач Благоја Грујовски. И таа врска траеше, можеби две и пол години. Бевме баш во врска, бевме познати во јавноста, и ете така се погоди, како приказна да оди ‘Убавицата и ѕверот’“, откри поранешната манекенка.
Црнокрак сподели дека повеќе од две години биле во емотивна врска со познатиот пејач и дека тогаш биле еден од оние парови што предизвикувале внимание и дека често се пишувало за нив.

