Омлетот е омилен избор на многумина за брз и хранлив оброк. Лесен е за подготовка, бара минимален број состојки и е готов за само неколку минути.
Сепак, подготовката во тава често подразбира користење масло или путер, а чистењето на мрсната тава по јадењето може да го расипе целото уживање. За среќа, постои метод што ги елиминира овие проблеми и можеби е и поздрав.
Писателката и експерт за храна Егна Перез сподели техника за подготовка на омлет што не вклучува тава. Како што пишува „Мирор“, станува збор за користење микробранова печка – уред што често е потценет кога станува збор за подготовка на јајца.
Иако звучи необично, Егна истакнува:
„Подготовката на омлет во микробранова печка заштедува време, го поедноставува процесот и дури го подобрува здравствениот аспект на оброкот. Овој метод има бројни предности. Прво, има помалку чистење бидејќи обично валкате само еден сад. Потоа, тука е и здравствениот аспект: бидејќи не ви се потребни масло или путер за готвење, омлетот на крајот има помалку калории – околу 180 по порција без дополнителни масти.“
Како да подготвите омлет во микробранова печка:
- Скршете го посакуваниот број јајца во сад и додадете малку млеко или ладна вода за омлетот да биде посочен.
- Додадете прстофат сол, што ќе помогне јајцата рамномерно да се зготват, и добро изматете ја смесата со лажица.
- Кога состојките ќе се соединат, додајте го омиленото рендано сирење и рамномерно распоредете го во смесата.
- Префрлете ја смесата во сад погоден за употреба во микробранова печка.
- Загревајте 50 секунди на средна јачина (околу 800–900 вати).
- По првото загревање, проверете ги рабовите – тие треба да почнат да се одвојуваат од садот, додека средината треба да остане малку влажна.
- Ако омлетот не е доволно печен според вашиот вкус, продолжете со загревање во интервали од 10 до 15 секунди додека не ја добиете посакуваната текстура.
За дополнителна хранлива вредност, во готовиот омлет можете да додадете свежо сирење со низок процент на масти и зеленчук како спанаќ или домат.

