Тажна вест
„Радовиш денеска се простува од еден ангел“, пишува во својата објава Телевизија Кобра.
„Со неизмерна тага и скршени срца Радовиш денес се прости од Трајче Јованов. Еден млад живот прерано згасна, не стигнувајќи да ги доживее своите најубави години и да ги оствари своите соништа. Твојата младост, насмевка и радост засекогаш ќе останат врежани во нашите сеќавања. Патувај во вечноста, мила душо, и најди го својот мир меѓу ангелите. Вечна ти слава!“, пишува на фејсбук-страницата на истата телевизија.

