Музичката индустрија е завиена во црно по трагичната смрт на британскиот кантавтор и текстописец Talay Riley, кој беше брутално избоден во Лондон.
Рајли, чие вистинско име било Марк Орабии, беше пронајден со тешки повреди во источен Лондон и починал на местото на настанот, и покрај обидите на лекарските екипи да му го спасат животот.
Веста предизвика шок меѓу бројни музички ѕвезди и негови соработници.
Рајли беше автор и коавтор на хитови за светски имиња како Britney Spears, Dua Lipa, Jessie J, Craig David и Khalid. Неговото творештво остави силен печат на светската музичка сцена.
По трагедијата, бројни познати личности упатија пораки на сочувство, меѓу кои и Stormzy, додека неговото семејство објави емотивни пораки во кои го опишаа како талентиран човек со големо срце и инспирација за многумина.

Полицијата отвори истрага за убиството. Досега биле приведени три лица под сомнение, а истрагата продолжува за да се утврдат сите околности околу трагичниот настан.
Смртта на Талај Рајли остави празнина во музичкиот свет, а неговите песни и наследство ќе продолжат да живеат преку генерациите што доаѓаат.

