Искра Канзурова е едно од најпрепознатливите ТВ-лица кај нас.
Познатата водителка е позната и како активист за правата на животните.
Откако основниот Кривичен суд првично го осуди Љубе Крстевски на затворска казна од три месеци за убиството на кучето Феликс, кое почина од последици на нанесените повреди, а при крајот на мај, Апелација му ја преиначи казната во парична, Канзурова се огласи на социјалните мрежи со директна порака до Крстевски.
„Љубе, добар си? Ако мислиш дека си се спасил, си згрешил. Ќе ти дишам во врат“, напиша Искра на нејзиниот фејсбук-профил објавувајќи слика од Крстевски.

