Македонија тагува! Реакции по прераната смрт на Дејан

„Чкембари Битола“ споделија тажна вест на социјалните мрежи.

Оттаму велат дека со голема тага и неверување ја примиле веста за прераната смрт на нивниот брат Дејан Тренчевски – Деки.

„Од најмали нозе растеше на Чкембарската трибина, живееше за Пелистер и за Чкембарите, Деки остави траен белег на трибината кој ќе биди вечно запамтен“, пишува во нивната објава.

Во овие тешки моменти тие изразуваат искрено сочувство до неговото семејство, роднините и најблиските.

„Почивај во мир, брате. Твоето место на трибината никогаш нема да биде заборавено“, порачуваат тие.

Следни Објави

„Се затвораше во соба, не јадеше“: Трогателна исповед на сопругата на загинатиот Андреј од ДНК за нивната ќерка

Сопругата на трагично загинатиот пејач и музичар Андреј Ѓоргиески од ДНК гостуваше во ток-шоуто „Претрес со Ландов“. Наталија Ѓоргиеска во емисијата откри досега непознати детали за нивната последна средба, но и за начинот на кој нивната ќерка ја прифатила најлошата вест. Со Андреј се виделе вечерта пред да замине за […]