Љубовната приказна на во моментов една од најатрактивните естрадни двојки
„Поминвме низ многу трње. Само гледавме напред и не слушавме никакви коментари и озборувања. Кучињата си лаат, караванот си врви. Некој ако се обидеше нешто да ни каже не сакавме да слушаме, не не интересираше. Нашата цел сакавме да ја оствариме..“
Ова е парче од заедничкото интервју на пејачката Анета Љумакоска и музичарот Рубин Размоски за Канал 77.
Тие пред неполн месец љубовта ја крунисаа со брак, а сега искрено проговорија за моментот кога сфатиле дека се еден за друг.
Љумакоска раскажува дека ги поврзала музиката.
„Сфативме дека навистина сме еден за друг, дека токму тој ми е потребен за да бидам успешна, за да бидам сакана, да се почувствувам и како човек и како жена“, вели таа.
Рубен ја запросил на нејзиниот 40-ти роденден.
На прашањето дали размислуваат за проширување на смејството, велат дека и двајцата се реализирани родители, но дека немаат ништо против ако тоа се случи.
„И да биде и да не биде ние секогаш ќе сме заедно. Тоа не е пресудно за да проолжи цврсто нашата врска понатаму. Ако даде Господ фала му, би сакале“, вели Анета.

