„Се затвораше во соба, не јадеше“: Трогателна исповед на сопругата на загинатиот Андреј од ДНК за нивната ќерка

Сопругата на трагично загинатиот пејач и музичар Андреј Ѓоргиески од ДНК гостуваше во ток-шоуто „Претрес со Ландов“.

Наталија Ѓоргиеска во емисијата откри досега непознати детали за нивната последна средба, но и за начинот на кој нивната ќерка ја прифатила најлошата вест.

Со Андреј се виделе вечерта пред да замине за Кочани. Таа со ќерката била на прослава на роденден кога тој заминал за Кочани.

„Јас последна дознав за несреќата од сестра ми во присуство на ќерка ми. Полицијата чукаше силно на врата и го бараше Андреј. Него го немаше на ниту еден список од болниците. Кога стигнавме во Кочани, од обезбедувањето на претседателката, која даваше изјава, бев спречена да се приближам да прашам што се случува со мојот сопруг. Имаше информација од еден медиум дека Андреј е дома. Не можам да ја разберам суровоста на медиумот. Некој од безбедноста со дрзок глас ми се јави да ме праша каде е мојот сопруг. Потоа ме принудија да одам во една просторија да го препознаам Андреј. Не бев во состојба и препознавањето го направи неговиот другар“, вели сопругата на Андреј, пренесува „Скопје1“.

На ќерката ѝ соопштила дека нејзиниот татко веќе не е со нив.

„Таа не го прифаќаше ова, се затвораше во соба, не јадеше. Јана не прашува ништо. Андреј ни беше пред сè другар, а не само татко и сопруг. Тој нè чуваше под стаклено ѕвоно. На секоја жена би ѝ посакала таков сопруг“, вели Наталија. 

Следни Објави

Неверување по смртта на македонската водителка: „Штотуку ја дознав веста која првично не сакав да е точна“

Тажна вест споделија од маркетинг-агенцијата „Њу момент“. „Еден од милион. Нескршлив дух што сите го слушавме и гледавме, секогаш подготвена да поентира со шега, но и да се разберете како луѓе. Тоа беше нашата Ирена. Ќе ни недостасуваш. Многу. Најскрено сочувство до нејзиното семејство, пријателите и сите што ја сакаа“, […]