Игор Џамбазов проговори за новата партнерка: Докторка со две возрасни деца

Игор Џамбазов повторно ја расположи јавноста, овојпат со изјава која дефинитивно уште долго ќе се прераскажува.

Македонскиот актер и шоумен отворено проговори за разделбата со алпинистката Илина Арсова.

Игор призна дека разликата од речиси 20 години веројатно била пресудна за крајот, но и дека покрај неа почувствувал љубов каква што немал со години.

Потоа водителката го праша дали е подготвен за нова врска, на што Џамбазов одговори дека сè уште верува во зборовите на покојниот дедо, легендарниот актер Петре Прличко, кој често знаел да каже: „Што е наше, само ќе си дојде“.

Игор има и нов, специфичен фоторобот за идната партнерка, која на шега ја нарекува „кандидатка“.

Вели дека овојпат не сака да губи време со школски прибори, па затоа има јасен услов – идната избраничка да биде докторка или аптекарка и да има полнолетни деца. Причината? Му треба медицинско лице за да не ги утне апчињата, дали зеленото наутро или жолтото попладне.

Браво, мајсторе!

Следни Објави

“Мој прекрасен ангел”: Се огласи сестра ѝ, ова е младата прилепчанка која трагично го загуби животот

Биљана Бунтеска го загуби животот во тешката сообраќајна несреќа што се случи кај Кавадарци, кога директно се судрија две возила со прилепски регистарски таблички. Во несреќата загина и прилепскиот бизнисмен Жарко Ристески, сопственик на компанијата за превоз на патници „Роман“, додека трето лице се здоби со тешки телесни повреди и […]