Побара стручна помош кога му беше најтешко: Исповед на Брејк за менталното здравје

Дарко Гелев-Брејк направи одличен камбек на музичката сцена.

Познатиот пејач и бизнисмен е актуелен со нумерата „Една во милион“ и одлично котира на листите.

За музиката, љубовта, но и за сите животни предизвици Брејк сега проговори во интервју за магазинот „Убавина и здравје“.

Тој е еден од ретките мажи на естрадата кој отворено зборува за менталното здравје.

„Не можам да го делам менталното здравје на машко, женско, детско или возрасно. Тоа е исто важно за секого. И ако некому му треба да побара професионална помош, апсолутно треба да го стори тоа. Јас така сум пораснат. Секогаш сум можел да разговарам со родителите и сестра ми на секоја тема. Но кога се случува нешто со кое не сакаш да ги обремениш блиските, добро е да се побара стручна помош. И на моите деца се стремам да им го пренесам истиот став“, раскажува Брејк за „Убавина и здравје“.

Следни Објави

Игор Џамбазов проговори за новата партнерка: Докторка со две возрасни деца

Игор Џамбазов повторно ја расположи јавноста, овојпат со изјава која дефинитивно уште долго ќе се прераскажува. Македонскиот актер и шоумен отворено проговори за разделбата со алпинистката Илина Арсова. Игор призна дека разликата од речиси 20 години веројатно била пресудна за крајот, но и дека покрај неа почувствувал љубов каква што […]