Бог му даде втор живот на македонскиот пејач, а сега објави дека ќе стане татко

Драган Величковски-Тајзи ќе стане татко.

Популарниот македонски пејач и неговата свршеница Ангела Анчевска го очекуваат нивното прво заедничко дете.

Радосната вест музичарот ја објави на социјалните мрежи преку емотивни фотографии направени во Охрид.

На истите двојката позира прегрната, држејќи снимка од ехо-преглед и бебешки чорапчиња со натпис „мама“ и „тато“.

„Господ нè благослови со најубавиот подарок. Наскоро ќе станеме родители“, напиша Тајзи под фотографиите.

Тајзи во една прилика им откри на фановите дека го живее вториот живот, откако на 18 години имал страшна операција.

Следни Објави

Побара стручна помош кога му беше најтешко: Исповед на Брејк за менталното здравје

Дарко Гелев-Брејк направи одличен камбек на музичката сцена. Познатиот пејач и бизнисмен е актуелен со нумерата „Една во милион“ и одлично котира на листите. За музиката, љубовта, но и за сите животни предизвици Брејк сега проговори во интервју за магазинот „Убавина и здравје“. Тој е еден од ретките мажи на […]