“Мој прекрасен ангел”: Се огласи сестра ѝ, ова е младата прилепчанка која трагично го загуби животот

Биљана Бунтеска го загуби животот во тешката сообраќајна несреќа што се случи кај Кавадарци, кога директно се судрија две возила со прилепски регистарски таблички.

Во несреќата загина и прилепскиот бизнисмен Жарко Ристески, сопственик на компанијата за превоз на патници „Роман“, додека трето лице се здоби со тешки телесни повреди и е пренесено на лекување во Скопје.

Трагичната сообраќајна несреќа на експресниот пат Прилеп – Градско, во која животот го загубија Жарко Ристески и Биљана Бунтеска, остави во тага бројни роднини, пријатели и сограѓани.

По веста за трагедијата, на социјалните мрежи се огласи сестрата на Биљана, Катерина Бунтеска, која со емотивна порака се прости од својата сестра, пренесува порталот Њуз 24.

„Почитувани роднини, пријатели и познаници. Трагично ја загубив мојата сестра Биљана Бунтеска. Почивај во мир сестро моја и прати ми сила од таму горе да го издржиме твоето заминување. Непребол мој“, напиша таа.

Ден претходно, Катерина сподели и фотографија од својата сестра, придружена со зборовите:

„Почивај во мир, мој прекрасен ангел. Ми го скрши срцето на парчиња“.

Следни Објави

„Јас инсистирав“: Неочекуван потег на Рубин откако се ожени со Анета

Познатата пејачка Анета Љумакоска и музичарот Рубин Размоски пред неполн месец љубовта ја крунисаа со брак. Во искрено интервју за Канал 77 тие проговорија за сите предизвици со коишто се соочиле откако јавноста дозна дека се забавуваат. „Склопувањето на бракот беше во најтесен круг луѓе, симболично да ја официјализираме љубовта […]