Полуфиналната вечер на емисијата „Никогаш не е доцна“ ја отвори Елизабета Ефтоска, која пред публиката се претстави со енергична изведба на песната „Miki, Mićo“ и уште на самиот почеток ја крена атмосферата во студиото.
Згодната русокоса го привлече вниманието на сите присутни и со својот стајлинг. На себе носеше краток виолетов фустан кој дополнително го истакна нејзиниот ведар дух и енергијата по која е препознатлива.
По настапот следуваа бројни комплименти од членовите на жирито, а особено се издвои коментарот на Милица Тодоровиќ.
– Здраво, Бети. Навистина си слатка, како Тајчи. Имаш одлична енергија и си како некоја Пепелашка. Почни да снимаш песни – рече таа.
Ниту Емина Јаховиќ не го криеше своето воодушевување од настапот на натпреварувачката:
– Здраво, Елизабета. Навистина нè расположи. За мене беше фантастично. Морам да ја пофалам твојата енергија и прекрасно изгледаш вечерва. Ми се допадна и твојот акцент, секоја чест.
Претседателот на жирито, Саша Милошевиќ Маре, исто така имаше само пофални зборови, но ја искористи можноста и малку да се пошегува.
– Бети нè навикна на добри настапи и ова е уште еден во низата. Само уште да му пееше на Жика „Жиќо“, ќе беше уште подобро – истакна Маре.

