„Јас инсистирав“: Неочекуван потег на Рубин откако се ожени со Анета

Познатата пејачка Анета Љумакоска и музичарот Рубин Размоски пред неполн месец љубовта ја крунисаа со брак.

Во искрено интервју за Канал 77 тие проговорија за сите предизвици со коишто се соочиле откако јавноста дозна дека се забавуваат.

„Склопувањето на бракот беше во најтесен круг луѓе, симболично да ја официјализираме љубовта и официјално да бидам Анета Љумакоска Размоски. Љумакоска е ретко презиме, си го сакам презимето од дете. Сите ме знаат така, па јас така и почнав. И сега сакав да си го заржам, но и да го земам неговото презиме“, раскажува Анета за Канал 77.

„Јас инсистирав таа да си го задржи презимето“, се надоврзува Рубин.

Нивната свадба ќе се случи прва прилика кога ќе бидат слободни, бидејќи летово, како што велат, пред нив се веќе закажани настапи. Најверојатно ќе биде наесен, откриваат тие.

Следни Објави

Важна вест ако скенирате сметки! Се огласија од УЈП, ова треба да го знаете

Веќе трет ден апликацијата „МојДДВ“, со која граѓаните скенираат сметки за да добијат поврат на ДДВ, не функционира. Граѓани се жалат дека апликацијата постојано покажува дека нема „конекција со УЈП“ и со тоа им се ускратува правото на зголемен поврат на ДДВ. Сега конечно се огласија од УЈП. „Ве информираме […]