Објавена е слика: Ова е младата девојка од Македонија која загина во тешка сообраќајка

Нови детали излегоа на виделина од тешката несреќа што се случи во Поградец.

На патната оска „Поградец-Ќафасан“, како последица на судир на две возила животот го загуби 26-годишна девојка од Македонија.

Жртвата е идентификувана како Елмедина Љога, која била патничка во едно од возилата вклучени во несреќата, пренесува Њуз24.

Повредени се и двајцата возачи, како и уште двајца патници кои се наоѓале во двете возила.

Сите повредени се пренесени во болница, каде што им е укажана лекарска помош. Според информациите на албанските медиуми, нивната состојба е стабилна и тие се надвор од животна опасност.

На местото на несреќата извршен е увид, а истражните органи работат на утврдување на причините и околностите под кои дошло до трагичниот судир.

Загинатата Елмедина Љога

Следни Објави

Ненадејно почина младата актерка од турската хит-серија „Шербет од брусница“

Тажна вест Ненадејно почина познатата актерка од турската хит-серија која ужива огромна популарност кај македонските гледачи. Еџе Иртем, турската актерка најпозната по улогата на Ишил во серијата „Шербет од брусница, почина на 35-годишна возраст. Таа била пронајдена во несвест во својот дом утрово, само еден ден по нејзиниот роденден. Причина […]