Објавена е слика: Ова е 20-годишното момче кое се удави во Охридското езеро

Безживотно тело на 20-годишно момче попладнево е пронајдено во водите на Охридското Езеро, кај „Машка плажа“, информираат од полицијата.

Според соопштението од СВР Охрид, случајот бил пријавен по забележување на тело во езерото, по што веднаш интервенирале надлежните служби.

Лекар од болницата на лице место констатирал смрт, при што не се утврдени траги на насилство.

По преземените проверки, идентификувано е дека станува збор за 20-годишниот С.С. од струшкото село Октиси.

На местото на настанот излегол и дежурен јавен обвинител, а телото е дадено на обдукција со цел да се утврдат точните околности на смртта.

Од СВР Охрид информираат дека се преземаат мерки за целосно расветлување на случајот.

Некои портали јавуваат дека станува збор за Сенит Селимоски и објавија фотографија од жртвата.

Следни Објави

Змиите се плашат само од една работа: Ставете го ова во дворот или во куќата

Топлите зими се една од главните причини што змиите остануваат во урбаните средини, па неретко граѓаните се соочуваат со непријатно искуство. Со порастот на температурите, змиите сѐ почесто излегуваат од своите скривалишта, па се зголемува и бројот на повици од вознемирени граѓани. Жителите на главниот град споделуваат фотографии на социјалните […]