Ненадејно почина младата актерка од турската хит-серија „Шербет од брусница“

Тажна вест

Ненадејно почина познатата актерка од турската хит-серија која ужива огромна популарност кај македонските гледачи.

Еџе Иртем, турската актерка најпозната по улогата на Ишил во серијата „Шербет од брусница, почина на 35-годишна возраст.

Таа била пронајдена во несвест во својот дом утрово, само еден ден по нејзиниот роденден.

Причина за смртта е срцев удар, пренесува порталот „Локално“.

„Мојата клиентка Еџе Иртем почина денеска околу 12:00 часот. Трагачниот настан се случи во нејзиниот дом додека беше со својата мајка. Според првичните наоди, сметаме дека причина за смртта е срцев удар. Истрагата е во тек, а точната причина официјално ќе биде соопштена по обдукцискиот извештај. Јавноста ќе биде дополнително информирана кога ќе пристигнат резултатите. Изразувам најдлабоко сочувство до нејзиното семејство и до сите нејзини најблиски“, порача  Угур Гокујун, адвокат на Еџе Иртем.

Следни Објави

Објавена е слика: Ова е 20-годишното момче кое се удави во Охридското езеро

Безживотно тело на 20-годишно момче попладнево е пронајдено во водите на Охридското Езеро, кај „Машка плажа“, информираат од полицијата. Според соопштението од СВР Охрид, случајот бил пријавен по забележување на тело во езерото, по што веднаш интервенирале надлежните служби. Лекар од болницата на лице место констатирал смрт, при што не […]