Ова копче на климата ќе ви ја намали сметката за струја

Многумина никогаш не го користат, а можат да се ладат за помалку пари

На клима уредот има едно копче кое е многу корисно и енергетски ефикасно. Тоа е fan mode (режим на вентилатор).

Кога ќе го вклучите, клима уредот го користи само вентилаторот – без да го вклучува компресорот – што значи дека не го лади воздухот, туку само го циркулира низ просторијата.

Оваа функција не ја менува температурата или влажноста на воздухот, но овозможува рамномерна распределба на свеж воздух, го одржува чувството на удобност и заштедува електрична енергија. Идеален е по ладење на просторијата, наутро и навечер, како и навечер кога не е потребно дополнително ладење.

Кога да се користи режим на вентилатор?

  • Кога просторот е веќе оладен, но сакате да ја задржите свежината без дополнително ладење.
  • Во периоди на умерени надворешни температури.
  • Ноќе, за потивок и поприроден проток на воздух.
  • По ладењето, за сушење на внатрешните компоненти и спречување на мувла и непријатни мириси.
  • За дополнително прочистување на воздухот – корисно за лица со алергии.
  • Во влажни денови, режимот на вентилатор не се препорачува бидејќи не ја отстранува влагата, тогаш е подобро да се вклучи „сув“ режим.

Поставување на брзината на вентилаторот

Вентилаторот на клима уредот може да работи во неколку брзини – ниска, средна, висока и автоматска. Повисоката брзина овозможува побрза циркулација и ладење, додека помалата брзина е потивка и погодна за ноќно време. Автоматскиот режим му овозможува на уредот самостојно да ја прилагодува брзината според условите во просторијата.

Заштедува потрошувачка на електрична енергија

Во режим на вентилатор, клима уредот троши значително помалку електрична енергија отколку при ладење – често под 100 W, што е многу помалку отколку во режимите на греење или ладење (каде потрошувачката оди до 3000 W). Разликата во потрошувачката помеѓу ниската и високата брзина на вентилаторот е минимална. Режимот на вентилатор е одличен начин за зголемување на удобноста во просторот, продолжување на животниот век на клима уредот и значително намалување на сметката за електрична енергија.

Следни Објави

Во лето ни се таложи вода во нозете и мевот: Со овие минерали ќе издишете како балон

Живеете брзо? Не се храните редовно и консумирате нездрави оброци? Имате отечени нозе и зглобови, вишок килограми и поспаност? Ова се само дел од симптомите кои укажуваат дека мора веднаш да се ослободите од вишокот вода во нозете и во стомакот. Како да ја исфрлите водата од нозете? Пред сè, […]