Змиите се плашат само од една работа: Ставете го ова во дворот или во куќата

Топлите зими се една од главните причини што змиите остануваат во урбаните средини, па неретко граѓаните се соочуваат со непријатно искуство.

Со порастот на температурите, змиите сѐ почесто излегуваат од своите скривалишта, па се зголемува и бројот на повици од вознемирени граѓани.

Жителите на главниот град споделуваат фотографии на социјалните мрежи дека, освен во парковите, се појавиле змии и во дворовите, а во една објава се наведува дека се појавила змија на тераса во скопската населба Карпош. Друг, пак, посочува дека налетал на змија додека се качувал по патека на Водно.

Змиите во дворовите, куќите и зградите влегуваат во потрага по храна. Дарко Карамасан од Славонија лови змии и открива како да ги избркате засекогаш.

Луѓето од околината честопати го бараат за помош, за да ја фати змијата и да ја однесе што подалеку.

„Бидејќи природен непријател на змијата е ежот, веруваме дека играчка еж би ви помогнала. Затоа во дворот каде што поминувате најмногу од времето ставете ваква играчка. Според некоја логика шансите да се појави змија се многу мали“, кажа тој во една прилика.

Следни Објави

Победете ги мувите еднаш засекогаш: Вака ќе ги избркате од куќата и од дворот

Мувите не само што се досадни, туку можат да носат и бактерии, што може да биде сериозен проблем за хигиената во вашиот дом. Ако се чини дека овие мали инсекти се постојано присутни, еве неколку ефективни совети како да се ослободите од нив еднаш засекогаш. Со појавата на високи температури […]