Кој не смее да јаде кајсии? Докторка советува, луѓето со оваа болест подобро да ги избегнуваат

Многумина ги обожаваат кајсиите, но за една група луѓе тие можат да бидат опасни

Кајсиите важат за едно од најздравите летни овошја. Тие се богати со витамини, минерали и антиоксиданси кои придонесуваат за здравјето на срцето, крвните садови, очите и кожата. Сепак, не се погодни за секого.

Зошто кајсиите се здрави?

Во 100 грама кајсии има само околу 48 калории, поради што се одличен избор за лесна ужина. Тие содржат значителни количини витамин А и витамин Ц, како и железо и други важни минерали. Особено се богати со каротеноиди – моќни антиоксиданси кои можат да помогнат во заштитата на организмот од оксидативен стрес, зачувување на здравјето на крвните садови и одржување на нормално ниво на холестерол.

Кој треба да ги избегнува кајсиите?

Иако се многу здрави, кајсиите кај некои луѓе можат да предизвикаат непријатни симптоми. Според руската докторка Ана Коробкина, проблемите најчесто се јавуваат кога одеднаш се изеде голема количина од ова овошје. Тогаш може да се појават:

-болки во стомакот,

-надуеност,

-зголемено создавање гасови,

-дијареја,

-цревни грчеви.

Посебна претпазливост им се препорачува на лицата кои имаат синдром на нервозно дебело црево (иритабилно црево).

Зошто кајсиите им пречат на овие лица?

Кајсиите содржат овошни киселини, растителни влакна и одредени јаглехидрати со краток синџир кои кај некои луѓе потешко се апсорбираат во цревата. Кај лицата со синдром на нервозно дебело црево тоа може да доведе до:

-зголемено создавање гасови,

-чувство на надуеност,

-болки во стомакот,

-нарушена работа на цревата,

-грчеви и непријатност.

Консумирањето кајсии на празен стомак може дополнително да ги засили овие симптоми.

Следни Објави

Ако вака ја миете косата, ќе останете ќелави: Еве што никако не смеете да правите со шампон и регенератор

Косата, колку и да звучи необично, е одличен показател за нашето здравје. Таа може да сигнализира здравствени проблеми, па дури и да открие недостатоци во исхраната. Но и самата коса има свои потреби што треба да ги разбереме – од правилно сушење до разоткривање на вообичаените митови. Една од најчестите […]